Нема зголемување на платите: Комисијата за финансирање и буџет не го прифати амандманот

Денес комисијата за финансирање и буџет во Собранието на Република Северна Македонија ја почна амандманската расправа за ребалансот на Буџетот откако во саботата заврши општата расправа која траеше три дена.

Од поднесените 58 амандмани денес претпладне Комисијата не го прифати амандманот поднесен од повеќе пратеници од Социјалдемократскиот сојуз со кој се бараше зголемување на средствата за плати и надоместоци на плати.

Амандманот не беше прифатен со образложение дека во ребалансот на Буџетот се обезбедени средства согласно колективните договори и законските обврски.

– Предвидени се средства за зголемување на платата на вработените во јавен сектор и регресот. Сите права на вработените утврдени согласно закон ќе бидат испочитувани, рече заменик министерот за финансии Николче Јанкуловски.

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ на расправата обвинуваа дека народните пари се менаџирале лошо, и согласно тоа, според нив, опоцизијата денеска не треба да предлага, како што посочија „популистички амандмани со кои се покажуваат како спасители на работничките права“ и „амандмани со кои сакаат да ги корегираат работите што самите си ги направиле“.

Амандманската расправа ќе продолжи во 16:30 часот.

29.07.2024 - 17:47

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега