Бројот на заболени од грип во земјава бележи значителен пораст, при што само во изминатата недела бројот на новорегистрирани случаи е зголемен за 34 проценти. Од Институтот за јавно здравје информираат дека овогодинешниот пораст на заболени започнал порано од вообичаеното.
Најголем број случаи се регистрирани во Скопје и Тетово, додека во Берово, Пехчево и Делчево досега не е евидентиран ниту еден случај на грип.
Според анализите на Институтот, доминантен е вирусот Инфлуенца АХ3, но паралелно се регистрираат и случаи на ковид-19, како и инфекции со респираторен синцицијален вирус.
Највисока инциденца на заболени се забележува кај децата. Сепак, од Институтот за јавно здравје посочуваат дека засега нема потреба од воведување дополнителни мерки за заштита, ниту од продолжување на зимскиот распуст за учениците,

