Close Menu
Press24
    Најново

    Ревизијата за Државен инспекторат за градежништво и урбанизам утврди – Недостиг на инспектори и слаби контроли

    12.03.2026 во 10:55

    ФОТО: Цела естрада тагува – „Кили друже мој, роден бунтовник, еден и единствен”

    12.03.2026 во 10:50

    Герасимовски: Центар ја слави поезијата и музиката, поетска вечер со македонски автори на 18 март

    12.03.2026 во 10:46
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Ревизијата за Државен инспекторат за градежништво и урбанизам утврди – Недостиг на инспектори и слаби контроли
    • ФОТО: Цела естрада тагува – „Кили друже мој, роден бунтовник, еден и единствен”
    • Герасимовски: Центар ја слави поезијата и музиката, поетска вечер со македонски автори на 18 март
    • Вреди: Уставниот суд наликува на југословенска елита, албанскиот јазик во „Сејф сити“ е уставно право
    • ФОТО: Им рекол „немам што да пријавам” – Македонската Царина со богата заплена
    • „Тиквеш“ прогласен за најдобар производител на вино од Македонија на престижниот Mundus Vini
    • Орбан објави дека Украинци им се закануваат по живот на неговите деца и внуци
    • ДУИ: Од понеделник ново поскапување на нафтата, Владата итно да преземе мерки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Нема притвор за професорот пријавен за сексуално вознемирување ученичка – Му го зеле пасошот

    Нема притвор за професорот пријавен за сексуално вознемирување ученичка – Му го зеле пасошот

    12.03.2026 во 10:011 Min Read
    ФОТО: Press24 архива
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Судија на претходна постапка одреди мерки на претпазливост – одземање патна исправа, забрана за вршење одредени работни активности и забрана за приближување до професорот од средното уметничко училиште „Лазар Личеноски“, кој е осомничен за кривично дело „Сексуално вознемирување“ врз своја ученичка.

    Од Основниот кривичен суд Скопје информираат дека мерките се определени по предлог на Основното јавно обвинителство.

    Наставникот, според претходни информации од МВР, е лишен од слобода на 9 март, откако претходно пристигнала пријава дека вознемирувал ученичка и барал да имаат полови односи.

    „На 09.03.2026 во 17:30 часот, полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода 52-годишен маж од Скопје, наставник во средно училиште на подрачје на Центар, постапувајќи по претходна пријава дека во периодот од 25.02.2026 до 02.03.2026 вознемирувал 18-годишна ученичка и барал од неа да имаат полови односи. По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава“, информираа од МВР.

    Основното јавно обвинителство Скопје веднаш поведе постапка и соопшти дека во моментов интензивно се работи на прибирање докази. „Лицето е обезбедено со мерки на претпазливост – одземање на патна исправа, забрана за приближување до лица и забрана за вршење одредени работни активности (односно забрана за работа)“, наведува Обвинителството.

    Top News
    Популарно

    ЕВН најави исклучувања – утре ќе нема струја до 15 часот

    11.03.2026 во 14:04

    Нафтата поевтинува

    11.03.2026 во 12:19

    Крај за лажните „0% камата“: Министерството за финансии откри измами кај финансиските друштва

    11.03.2026 во 13:10

    ДУИ: Итна оставка од Костадиновски

    11.03.2026 во 22:24
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.