Даноците нема да се зголемуваат, но државата ќе се погрижи секој да го плати својот дел преку затворање на правните празнини. Ова го порача министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, најавувајќи темелна ревизија на сите даночни и царински закони.

Во интервју за „Економија и бизнис“, таа открива дека се менуваат застарени прописи, посочувајќи го Законот за ДДВ како пример каде одредени членови не се променети од 2000 година и создаваат забуни.

Целта на овие измени не е само козметичка, туку да се спречи поединци да се правдаат со недоречености во законите и да го заобиколуваат системот.

„Апсолутно нема да има промена на даноците. Тоа го ветивме и во предизиборната програма. Секогаш се водам од правилото дека на државава треба да ѝ се плати толку колку што ѝ следува, ниту повеќе, но ниту помалку. (…) Нам ни треба прво да постигнеме сите да плаќаат даноци, а потоа да размислуваме за промена на даночните стапки“, вели министерката.

Exit mobile version