Close Menu
    Најново

    Нелоски: Фирмата на татко ми не добила ниту еден тендер – и тој има право на приватен бизнис

    27.01.2026 во 13:03

    Мицкоски во директна акција за превозниците: Се бара итен разговор со Фон дер Лајен за спас на транспортот

    27.01.2026 во 12:47

    Мицкоски најави 25 милиони евра грантови за енергетска трансформација на 300 компании

    27.01.2026 во 12:39
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Нелоски: Фирмата на татко ми не добила ниту еден тендер – и тој има право на приватен бизнис
    • Мицкоски во директна акција за превозниците: Се бара итен разговор со Фон дер Лајен за спас на транспортот
    • Мицкоски најави 25 милиони евра грантови за енергетска трансформација на 300 компании
    • Секунди делеле од трагедија: „Само што излеговме од колата, ѕидот падна“ – Сведоштво на велешанката чие возило беше згмечено во Штип
    • Салата „Расадник“ се пушта во употреба најдоцна за два месеци, најави Мицкоски
    • Во петок и сабота се големи празници – еве што велат обичаите
    • (ВИДЕО) Хаос во Штип: Се сруши потпорен ѕид, бетонски блокови згмечија автомобили
    • Армијата се модернизира: „Страјкерите“ стигнаа во Грција, наскоро ќе влезат во Македонија, Мисајловски најави дека годинава пристигнуваат сите 42 оклопни возила
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Нелоски: Фирмата на татко ми не добила ниту еден тендер – и тој има право на приватен бизнис

    Нелоски: Фирмата на татко ми не добила ниту еден тендер – и тој има право на приватен бизнис

    27.01.2026 во 13:03
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Татко ми има право на приватен бизнис, а неговата компанија никогаш не учествувала на државни тендери, вели шефот на кабинетот на Премиерот Мицкоски, Владимир Нелоски на социјалните мрежи по обвинувањата кои утрово ги објави СДСМ
    „Ја гледам онаа тирада на нечесни и валкани прес конференции на СДС партијата која е петта во градот Скопје и трета во државата. Тие изобилуваат со невистини, креирани информации и полу информации. Тие треба да го свртат вниманието од комплетното растројство и дезорентираност во просторот на раководството на СДС и Венко Филипче и тој пусти страв од одговорност која знаат дека ја имаат. Мојот татко е дел од спомената приватна фирма, која не учествува на државни тендери, ниту има добиено тендери. И на никаков начин не може да носи одлуки за државните пари.

    Како и секој човек, па и мојот татко кој цел живот работи чесно во приватниот сектор има право да работи, а впрочем истиот со трговија започнал да се занимава уште пред осамостојувањето на Македонија.
    Колегите од СДС треба да знаат дека со невистини, лаги и манипулации не се добива довербата така се губи и целосно паѓа сликата за партијата која денес е потопена со криминал и корупција, со лични интереси и фракции
    И бидејќи сум чесен и искрен, а сметам дека тоа треба да е клучен принцип во политиката нека не поставуваат прашања од СДС туку нека ги изнесат информациите во потврдна форма за поднесам соодветна тужбена постапка за клевета пред надлежните органи.“ – пишува Нелоски

    Реакцијата следи откако СДСМ утрово објави нова т.н. бомба во која тврдат дека сопругата на соптвеникот на фирмата Пирамид Билдинг Солушнс за која претходно објавуваа дека добила повеќе тендери од општините, била соопственичка на текстилна компанија заедно со татко му на Владимир Нелоски.

    Популарно

    Хорор го потресе светот: Угледен професор со години спиел со 26 кукли направени од женски лешеви

    26.01.2026 во 23:48

    Падна криминална банда кај Свети Николе: Запленети 200 кг марихуана сокриена во возило качено на шлеп-служба

    27.01.2026 во 09:53

    Трагедија во струмичко: Надојдената река Тркања за 10 минути однесе 120 јагниња и 100 овци

    27.01.2026 во 10:54

    Потоп во Крива Паланка – наврнаа 39 литри на квадратен метар дожд

    27.01.2026 во 09:46
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.