Неколку скопски села утре без струја

Корисниците од селата Кучевиште, Мирковци, Побожје, Бродец, Танушевци, Брест и Малино во општина Чучер Сандево утре од 9:00 до 15:30 часот ќе останат без напојување со електрична енергија.

Oд 8:30 до 15:30 часот, без струја ќе бидат и корисниците од населеното место Катланово, Катлановска Бања, сите индустриски објекти на автопат Скопје-Велес во близина на Катланово, Брезница, Градманци, Летевци во општина Петровец.

Во периодот од 9:00 до 15:00 часот, напојување со електрична енергија ќе немаат и корисниците од улицата „2“ во Долно Лисиче и околу Трафостаницата 3 во село Долно Лисиче во општина Аеродром.

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведувањето технички зафати во електро дистрибутивната мрежа од страна на екипи на ЕВН Македонија АД.

20.03.2024 - 22:38

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега