Неколку лица истепале, па силувале малолетничка во Велес

 

Утрово во полициска станица при СВР Велес бил извршен службен разговор со две лица од Велес, во врска со пријава според која на 18.09.2021 во периодот од 22.30 до 23.30 часот на место викано „Дворови“ неколу лица физички нападнале и извршиле обљуба врз малолетничка, за која во 18.10 часот од ЈУМЦСР-Град Скопје во Полициската станица Центар било пријавено дека се оддалечила од установата, информира МВР.

За случајот е известен Јавен обвинител и по целосно расчистување на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

19.09.2021 - 17:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега