Нејзиниот син преку Фејсбук веќе им кажал на сите дека таа има рак – српската пејачка купува гробно место

Злата Петровиќ е една од пејачките која оставила неизмерен траг зад себе на музичката сцена во регионот, особено во Србија.

Таа со години е дел од јавноста, а медиумите бурно го следат нејзиниот живот.

Овие денови повторно е топ тема во јавноста, особено откако се дозна дека на нејзиниот син му биле злоупотребени податоците и фотографиите за да се направи лажен профил на Фејсбук преку кој ќе се шират вести дека неговата мајка има рак.

-Луѓето денес се занимаваат со разни нешта, ете колку на некому му е досадно и да го земе името и презимето на мојот син и да ги лаже луѓето дека имам рак и дека сум тешко болна. Мојот син работи и се труди и навистина нема време да ги пријавува тие лажни профили, меѓутоа откако масовно му праќаа пораки и прашуваа како сум јас, одлучи сето тоа да го пријави. Не е пријатно кога ќе слушнете такви гадости, вели таа.

Таа се осврна и околу трендот на естрадата во Србија за купување на гробни места.

-Таа приказна околу купување на гробни места започна од мене уште пред неколку години. Јас реков како и секоја одговорна личност која купила куќа, направила дом исто така треба да обезбеди и гробно место. Не сум го обезбедила тоа се уште, но планирам еден ден и тоа да го решам. Можеби тоа стана помодарство, но баш ми е гајле, сега цела естрада зборува за тоа, додава таа.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Zlata Petrovic (@zlata_petrovic_official)

04.05.2022 - 18:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега