Жител на неготинско Долни Дисан бил приведен поради сомнение за одземање пари од такси возила, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес.

– Вчера во 16 часот во Неготино, полициски службеници од ОВР – Неготино го лишиле од слобода З.К., 31-годишник од село Долни Дисан, неготинско, поради основано сомнение дека во два наврати одзел пари од такси возила во кои се превезувал, појаснија од СВР – Велес.

Додадоа дека тој бил приведен во полициска станица, а дел од парите биле пронајдени и одземени.

– По документирање на настаните, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, потенцираа од СВР – Велес. 

Leave A Reply

Exit mobile version