Небото над Ирак е портокалово, илјадници луѓе завршија во болница

 

Ирак повторно беше погоден од силна песочна бура, а најмалку 4.000 луѓе завршија во болница поради проблеми со дишењето. Густиот облак прашина што го прекри главниот град Багдад доведе до затворање на аеродромите, училиштата и јавните канцеларии низ целата земја.

Ова е осма песочна бура од средината на април што го погодува Ирак, кој веќе страда од деградација на почвата, интензивни суши и слаби врнежи, сето тоа поврзано со климатските промени, а зголемувањето на температурите дополнително ги намалува врнежите.

На почетокот на месецов едно лице загина во песочна бура, а дури 5.000 луѓе завршија во болница поради респираторни проблеми.

Багдад овојпат е исто така обоен во портокалово, а песок прекри многу други градови, вклучувајќи го шиитскиот свет град Наџаф на југ и Сулејманија во северниот курдски регион.

17.05.2022 - 13:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега