„Неа и вреќа за ѓубре би ѝ стоела убаво“: Меланија Трамп со необичен стајлинг ги освои модните критичари

Првата дама на Америка и сопруга на претседателот Доналд Трамп, покажала како со многу самодоверба се носи машко одело.

Меланија за посетата на канадскиот премиер Џастин Трудо и неговата сопруга Софи Бел, облекла сиво одело од дизајнерската куќа „Ralph Lauren“.

Инаку, Меланија повторно е на мета на светските модни критичари, но овојпат добила само пофалби.

Меланија исто така добила и негативни коментари на сметка на овој нејзин необичен изглед, па некои коментирале дека за оваа прилика таа ''го облекла оделото на својот сопруг Доналд Трамп''.

Но, првата дама на Америка покажала како со огромно присуство на самодоверба го носи ова одело, а целиот овој свој стајлинг го надополнила со својот заштитен знак - високите потпетици, па модните критичари можат само да ѝ честитаат.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

29.07.2020 - 13:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега