Не застанале на полициски знак, па се обиделе да прегазат полицаец

Полициски службеници во 02.10 часот по полноќ во тетовско Теарце ги уапсиле 24-годишниот Ј.А. и 20-годишниот В.А. од Пршовце, како и 21-годишниот Д.С. од с.Слупчане.

Тие околу 02.00 часот на даден знак за запирање од страна на полициските службеници, не застанале со нивното возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, во кое тројцата се превезувале и се обиделе да удрат еден од полициските службеници.

Како што информираат од МВР, при нивен и преглед на возилото им биле пронајдени хашиш, марихуана и спреј-солзавец. Трите лица се задржани во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот, по што ќе се соочат со соодветни поднесоци.

05.07.2022 - 12:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега