Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, кои се очекуваат особено во претпладневните часови. Се очекува умерен, а долж Повардарието засилен северен ветер.

Дневните температури ќе бидат пониски во однос на претходниот период.

Минимална температура ќе се движи од 6 до 11 степени Целзиусови, додека максималната ќе достигне од 10 до 16 степени Целзиусови.

Во Скопје, променливо облачно претпладне со повремен слаб дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 14 степени

Во среда и четврток ќе преовладува претежно стабилно време.

Петок и за време на викендот се очекуваат нови локални врнежи од дожд.

Exit mobile version