Не се важни мускулите или скапиот автомобил: Што треба да поседува еден маж за жените да го наречат “господин“?

Ниту брадата, ниту мускулите, ниту нов автомобил, не можат да го направат мажот попривлечен во очите на жената колку овие неколку ставки.

Хумор

Духовитите мажи покажуваат интелигенција, опуштеност и самодоверба, а со тоа значи дека мажот кој ги смее луѓето околу себе, ќе ја смее жената во текот на целиот нејзин живот.

Способност

Никој не е способен за се, но мажите кои се способни и кои се разбираат во повеќе работи, се секако попривлечни од мажите кои не знаат ни една сијалица да сменат.

Иницијатива

Мажот на кого не му е непријатно да даде комплимент, прати порака, гласно насмее или страствено бакне, е маж кој знае да превземе иницијатива што секогаш делува привлечно во очите на жената.

Посакуван

Сакале или несакале да признаат, на жените им е секси мажот кој другите жени го посакуваат, а тој ја избрал баш неа. Со тоа тој ги потврдува неговите квалитети и создава доза на натпреварувачки дух кој може да биде возбудлив.

Став

Самодовербата е клучниот фактор за привлечност, затоа што ако некој има лошо мислење за самиот себе, тогаш не треба да очекува другите да имаат поразлично мислење за него. Мажот кој е свесен за своите доблести и мани, знае како да се однесува спрема луѓето и знае како да остави добар впечаток е секогаш повеќе привлечен.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.01.2021 - 21:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега