Не излегувајте неспремни: Нѐ очекува силен ветер и дожд
Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд претежно во западните и северните делови. Ќе дува умерен до засилен ветер од југозападен правец (наместа над 70км/ч). Минималната температура ќе биде од 10 до 18, а максималната од 18 до 26 степени.
Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди. Во делови од котлината ќе има услови за повремен слаб дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне 23 степени.
Според УХМР, од недела температурите ќе бидат во опаѓање. Следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд со променлив интензитет.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа