Синоптичарите за денешниот ден најавуваат променливо облачно време проследено со сончеви периоди. Промена на состојбата се очекува во вечерните часови и во текот на ноќта, кога во северните делови од земјава ќе има повремени локални врнежи од дожд. Ветерот ќе биде слаб и со променлив правец.
Минималната температура утрово се движеше во интервал од 4 до 9 степени, додека максималната дневна ќе достигне меѓу 11 и 17 степени целзиусови.
Во главниот град, Скопје, се очекува слично време со слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 7 степени, а максималната ќе достигне 15 степени.
Под влијание на серија влажни воздушни бранови, од вечерните часови денес, па сè до понеделник, следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд.
Наместа, врнежите ќе бидат поројни и пообилни. Во текот на 24 часа се очекува да наврне поголема количина дожд, која на одредени места може да надмине и 30 литри на квадратен метар.

