Не излегувајте без чадор: Денеска нè очекува локален повремен дожд
Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд, а на повисоките планини ќе има повремен снег, претежно во западните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Температурата ќе се движи во интервал од 8 до 18 степени.
Во Скопје, ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен југозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 11 степени.
Во четврток, времето ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд, а на планините со повремен локален снег.
Преодно стабилизирање на времето ќе настапи во петок и сабота, додека, а веќе во недела се очекуваат нови локални врнежи од дожд и снег на планините. Од петок, утринските температури на повеќе места ќе бидат под нула.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа