Денеска не очекува променливо облачно време со услови за краткотраен локален дожд, главно во источните делови на земјата. Ќе дува умерен, а повремено и засилен ветер од северозападен правец.

Температурите наутро на места ќе се спуштат и под нулата, додека максималната дневна ќе достигне до 18 степени.

Најава за нови врнежи од вторник

По краткото стабилизирање на времето во понеделник, од вторник Македонија ќе биде под влијание на нова циклонска активност која ќе донесе врнежи од дожд во текот на целата работна недела.

  • Вторник: Пообилни врнежи во западните делови од државата.
  • Среда: Интензивни врнежи на повеќе места (над 20 l/m²). Ќе дува умерен до засилен ветер кој попладне ќе го смени правецов од северозападен во североисточен.
  • Четврток: Врнежите ќе се префрлат во југоисточните делови (над 15 l/m²).
  • Петок: Врнежите продолжуваат, но со значително послаб интензитет.
Exit mobile version