Скандалозно и недозволиво, веќе две недели на Клиниката за Онкологија недостигаат клучни лекови за пациентите со рак. Недостасуваат основни онколошки терапии како: Фезго, Палбоциклиб, Рибоциклиб и други неопходни лекови без кои третманот не може да продолжи. Неизвесност, страв и агонија за луѓето кои секој ден се борат за својот живот. Тоа е денеска реалноста со криминалната власт на ВМРО-ОКГ. Граѓаните, болните, се оставени на милост и немилост, изјави на Прес конференција на СДСМ, Рената Младеновска, Членка на Извршниот одбор.

Владата нема пари за лекови, има пари само за криминални тендери.

Пациентите се без лекови, додека има 161 тендер за една фирма, 51 тендер за друга, 9 милиони евра за фирма со само двајца вработени, 1,2 милиони евра за фирма блиска до ЗНАМ преку Пошта.

Дали здравјето на пациентите е условено од тоа кога ќе се распише нов тендер за набавка на лекови?

Ова е нечовечко. Ова е недозволиво.

Здравството е во тотален хаос, проблеми има насекаде.

Владата ги напаѓа и ги омаловажува докторите, одбива да им ги покачи платите, а не може да обезбеди ниту основна терапија со лекови.

За Владата на Мицкоски сѐ е бизнис – колку ќе се земе, кој ќе добие, како ќе се подели. Ама за пациентите – лекот е живот.

Секој изгубен ден без терапија може да значи влошување, компликации, па дури и загубен живот.

Ова се случува пречесто откако ВМРО е на власт, а Клековски е прв човек на ФЗО.

Граѓаните не смеат да бидат жртви на тендер-коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ.

Бараме истрага за причините за недостигот на лекови и одговорност од сите инволвирани, изјави Младеновска.

Exit mobile version