Навални бил малтретиран по смртта?


Вдовицата на Алексеј Навални, Јулија Навални  пред Европскиот парламент денеска изјави дека телото на нејзиниот покоен сопруг било малтретирано по смртта во затворот на Арктикот и дека не е сигурна дали неговиот погреб в петок ќе биде мирен настан или полицијата ќе мора да реагира.

Таа предупреди и за рускиот претседател Путин кого го обвини дека го убил нејзиниот сопруг: „Не си имате работа со политичар, туку со крваво чудовиште“.

Погребот на критичарот на Путин ќе се одржи на гробиштата „Борисов“ по прошталната церемонија во 14 часот во областа Маржино.

Кремљ вчера предупреди дека Русите не треба да го користат погребот на Навални како момент за протести.

28.02.2024 - 15:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа