Наставничка во основно училиште во Велес заразена со коронавирус
Наставничка од основно училиште во Велес е позитивна на Ковид-19, објави Сител. Поради неа, 10 нејзини колеги се испратени во самоизолација. Контактите им биле низ училишните ходници каде се среќавале на доаѓање и одење од работа.
Голем број родители на училишни деца се исплашени од учењето со физичко присуство, правејќи споредба со позитивните случаи во градинки на само неколку дена од почетокот со работа. Денеска нема нови случаи, а 15 месечното дете кое одело во градинката 13 Ноември и има Ковид 19, не се заразило во јасли туку дома и нема голема опасност за останатите деца, тврдат епидемиолозите.
Градинките беа отворени пред една недела и тој период имаше позитивни случаи на двајца вработени и едно дете. Во детските установи нема прием без мерење на температура и дезинфекција а доколку се појави сомнителен случај завршува во соба за изолација.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа