Жителите на Бардовци и дел од населбата Капиштец ќе се соочат со прекин во водоснабдувањето поради планирани интервенции на водоводната мрежа, соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје.

Во Бардовци ќе се изведува реконструкција на пумпниот систем во Хидрофор Бардовци, при што ќе биде поставена нова пумпа. Поради овие активности, водоснабдувањето ќе биде прекинато од 1:00 до 10:00 часот.

Во исто време, поради санација на дефект на затворач на улицата „Народен фронт“, без вода ќе останат и дел од жителите на Капиштец. Прекинот ќе ги опфати корисниците на дел од улицата „Народен фронт“, на потегот од Домот на печат до улицата „Франклин Рузвелт“, како и дел од улицата „Васил Ѓорѓов“.

Во овој дел од градот водоснабдувањето ќе биде прекинато од 8:30 часот и ќе трае до завршување на санацијата на дефектот.

Од ЈП „Водовод и канализација“ апелираат до граѓаните навреме да обезбедат вода за основните потреби до повторното воспоставување на редовното водоснабдување.

Exit mobile version