Наоми Осака најави дека наскоро се враќа на терените

Четирикратната Грен слем шампионка, Јапонката Наоми Осака денеска најави дека наскоро ќе се врати на тениските терени.

Осака претходно ги пропушти Ролан Гарос и Вимблдон за да се фокусира на своето ментално здравје.

-Знам дека повторно ќе играм, рекла Осака, пренесе Би-Би-Си, додавајќи дека нејзиното враќање најверојатно ќе се случи наскоро.

Повлекувајќи се од Ролан Гарос, Осака откри дека трпела долги напади на депресија откако ја освоила својата прва Грен слем титула на УС Опен во 2018 година.

27.09.2021 - 15:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега