Расправата за заштита на жените од семејно насилство ја вжешти собраниската атмосфера, но наместо суштинска дебата, во фокусот се најде Законот за употреба на јазиците.

Пратеничката Даути од Алијанса за Албанците побара Нацрт-стратегијата за заштита на жените од насилство да и биде доставена и на албански јазик, тврдејќи дека документите на нејзиниот мајчин јазик не се достапни на веб-страницата на Собранието. 

Барањето за пауза предизвика тензии во салата.

Претседателката на Комисијата, Пешевска ги отфрли обвинувањата на Даути, оценувајќи ги незините постапки како политички маркетинг. Таа посочи дека проверила со собраниските служби и дека документите биле навремено објавени и на албански јазик, без прекршување на законските процедури.

По паузата, продолжи дебатата на која невладиниот сектор и пратениците ги презентираа забелешките за Нацрт стратетигијата, чие спроведување во следните години треба да ги штити жените од секаков вид на насилство. Според нив, недостасува поголем буџет, бесплатна правна помош за жртвите, но и специјализирани обуки за сите служби –  МВР, обвинители, судии и центри за социјална заштита. 

Македонија направи исчекор за подобрување на состојбите со жените жртви на насилство со измени на кривичниот законик, но потребни се и дополнителни напори за унапредување на системот. Во моментов се уште има значајни системски пропусти и потфрлање на постапувања на  надлежните што доведува до тоа жртвите да не веруваат на институциите и да не пријавуваат насилство.

Exit mobile version