Познатиот македонски пејач Даниел Кајмакоски (43) поминал низ вистински пекол викендов во Србија. По неговиот настап во популарната „Бетон Хала“ во Белград, тој бил киднапиран од две лица кои по филмска потера со автомобил се забиле во банка во близина на Рума.
Според деталите што ги објави новинарот Младен Мијатовиќ, киднаперите намерно предизвикале сообраќајна несреќа, по што го оставиле врзаниот Кајмакоски во остатоците од возилото и побегнале пеш. Пејачот во полиција изјавил дека напаѓачите зборувале на англиски и турски јазик и му се заканувале со пиштол.


