Намален водостојот на Дојранското Езеро

За еден сантиметар е намален водостојот на Дојранското Езеро, а нивоата на другите две природни езера во земјава се исти како вчера, покажуваат резултатите од последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Со тоа, водостоите на трите природни езера се пониски од просекот за јуни и тоа за 77 сантиметри кај Дојранското, за 1,94 метри кај Преспанското и за 12 сантиметри кај Охридското Езеро.

За разлика од езерата нивоата на речиси сите реки во земјава се повисоки од повеќегодишниот просек за овој период од годината или се блиску до просекот. Исклучок се реките Брегалница на мерното место кај Берово, Струмица кај Ново Село и Црн Дрим кај Ложани каде водостојот е значително понизок од просечниот.

09.06.2023 - 10:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега