Најнови најави за времето во Македонија: Се очекуваат провејувања од снег

Времето во Македонија денеска ќе биде облачно и свежо со повремени врнежи од дожд кој локално ќе бидат и поинтензивни. Ќе дува слаб до умерен ветер од источен и од североисточен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 9 до 16 степени, информира метеорологот Славчо Попоски.

Во Скопје и околината времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од источен и од југоисточен правец. Максималната температура ќе се искачи до околу 14 степени.

Потоа за време на продолжениот празничен викенд времето ќе се задржи облачно и доста свежо со повремени врнежи од дожд. Повремено врнежите ќе бидат и поинтензивни, а ќе дува и слаб до умерен ветер од источен и од североисточен правец. Не се исклучува можноста на највисоките планински места и за провејување на снег. Температурите остануваат потпросечни за овој дел од годината и ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 15 степени.

И во Скопје и околината времето во следните денови останува облачно и свежо со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од источен и од североисточен правец, додека температурите ќе се искачуваат во интервалот од 11 до 14 степени.

08.10.2021 - 10:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега