Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Доаѓа силен Ел Нињо – какво време нè очекува во текот на зимата

    18.09.2026 во 23:32

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Петрушевски: Филипче рече дека Македонија не е на продажба откако со Заев го продадоа името
    • Ивон Величковски: Кое е тоа Собрание што ќе гласа против 150 или 300 илјади граѓани за ЕУ?
    • Животот станува сè поскап: Еве колку изнесува синдикалната кошница за септември
    • Младо момче ќе одговара кривично – полицијата го фати со марихуана
    • Штерјова: Му ја откривме шемата на Мицкоски за струјата – еве го неговиот енергетскиот октопод
    • ФОТО: Фрлил градежен шут во Кисела Вода – инспекторите го фатиле на дело
    • СДСМ: ЗНАМ е приврзок, отчетот е само проба за следните чекори
    • Искористете го сонцето – наскоро доаѓа драстична промена
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Најмалку 28 загинати во пожарот во кинеската фабрика за чевли 

    Најмалку 28 загинати во пожарот во кинеската фабрика за чевли 

    09.07.2026 во 19:102 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Најмалку 28 лица загинаа во пожарот во фабриката за обувки „Фуџијан Хуитенг Шус“ во кинескиот град Џинџијанг во покраината Фуџијан, јавува Ксинхуа.

    Според претходното соопштение на кинеските власти, пожарот избувнал четири минути по полноќ по локално време во повеќекатницата во која била сместена фабриката.

    Првите резултати од истрагата покажуваат дека пожарот избувнал на првиот кат (приземје) од зградата.

    Пламените се ширеле со голема брзина бидејќи зградата содржела големи количества лесно запаливи материјали, ткаенини и лепило што се користат во производството на обувки, а голем број работници биле заробени на покривот од зградата.

    Кинеското Министерство за вонредни ситуации претходно соопшти дека испратило работен тим во градот Џинџијанг, во покраината Фуџијан, за да го координира гаснењето на големиот пожар и спасувачки операции во фабрика за чевли, во кој имаше смртни случаи и повредени.

    На местото на несреќата биле упатени 35 возила со 183 пожарникари и спасувачи.

    Властите започнаа истрага за да се утврди причината за пожарот и да се спречат слични инциденти во иднина.

    Кинескиот претседател Шји Џинпинг денеска нареди максимални напори за пребарување и спасување по пожарот во фабриката за чевли во градот Џинџијанг, а побара и брзо утврдување на причината за несреќата и одговорните строго да бидат казнети, јавува Ксинхуа.

    Истакнувајќи дека од почетокот на годината во Кина се случиле неколку сериозни несреќи на работното место, Шји им нареди на сите региони и надлежни институции да извлечат сериозни лекции од овие настани, подобро да го координираат развојот и безбедноста и постојано да бидат внимателни кога станува збор за безбедноста при работа.

    Тој побара сите безбедносни ризици и потенцијални опасности да бидат темелно идентификувани и елиминирани, мерките за безбедност при работа да се спроведуваат доследно, сериозните несреќи да се спречат решително и животите на луѓето и нивниот имот ефикасно да се заштитат.

    Кинескиот премиер Ли Чијанг ѝ наложи на Канцеларијата на Комисијата за безбедност при работа на Државниот совет да им наложи на локалните власти да спроведат темелни инспекции на ризиците по безбедноста при работа и да преземат решителни мерки за спречување на сериозни несреќи.

    Министерството за вонредни ситуации испрати експертски тим на местото на несреќата за да ја координира операцијата за спасување, додека властите на покраината Фуџијан ангажираа дополнителни ресурси за лекување на повредените и чистење на последиците од пожарот.

    Прочитај повеќе

    Петрушевски: Филипче рече дека Македонија не е на продажба откако со Заев го продадоа името

    20.09.2026 во 12:29

    Младо момче ќе одговара кривично – полицијата го фати со марихуана

    20.09.2026 во 12:15
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.