Најмалку 17 застрелани во масовна престрелка во трговски центар во САД

 

Најмалку 17 луѓе се застрелани во голема престрелка во селото Вулоубрук во американската сојузна држава Илиноис, јавуваат локалните медиуми.

Службата за итни случаи реагирала во трговски центар во близина на Вилоубрук, Илиноис, откако, наводно, повеќе луѓе биле застрелани.

Големо полициско присуство е забележано во Бур Риџ во близина на рутата 83, каде што било пукано во толпа од околу 200 или 300 луѓе, според локалните извештаи.

Канцеларијата на шерифот на округот ДуПејџ побарале итна помош околу 12:25 часот наутро во неделата.

На местото на настанот се пронајдени повеќе жртви од огнено оружје, иако точниот број и степенот на нивните повреди засега се нејасни.

18.06.2023 - 12:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа