Најдобриот меѓу најдобрите - Мбапе нема да игра со Баерн во Лигата на шампионите

Еден од најдобрите фудбалери на светот и член на Пари Сен-Жермен, Килијан Мбапе нема да игра со Баерн во Лигата на шампионите.

ПСЖ објави дека напаѓачот на вчерашниот натпреварот од Лига 1 против Монпелје (3:1) ја повреди тетивата на левата нога и ќе отсуствува дваесетина дена.

Така, Мбапе нема да игра на претстојните натпревари со Тулуз, Марсеј, Монако и Лил во националните натпреварувања, како и на првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите со Баерн.

До крајот на денот треба да се знае и за сериозната на повредата на одбранбениот играч Серхио Рамос.

02.02.2023 - 19:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега