Најчестите лаги кои мажите ги кажуваат на првиот состанок

На првиот состанок, мажите сакаат да ја импресионираат жената. Секогаш ќе ви го кажат најдоброто за себе за да ве освојат. Иако има мажи кои уште на почетокот зборуваат отворено и искрено, некои мислат дека ќе поминат подобро доколку лажат.

Ова се најчестите работи за кои мажите лажат на првиот состанок.

Финансиска состојба

Сакале да признаете или не- понекогаш им судите на мажите според нивната финансиска состојба, затоа што сакате стабилен партнер кој може да се грижи за семејството кое го планирате во иднина. Затоа, мажите лажат за тоа колку заработуваат или се фалат со материјалните работи за да ја импресионираат потенцијалната партнерка.

Станбено прашање

Ако уште на првиот состанок признае дека живее со цимерката или со родителите, веројатно нема да ве воодушеви со тоа. Затоа ќе ви каже дека живее сам, а неговиот цимер ќе го нарече пријател кој е на спиење кај него на неколку дена.

Гледање со други жени

Ова е една од најчестите лаги на првиот состанок. Секако дека нема да ви каже дека бил на состанок и со друга девојка неколку дена пред вас, но кој сака да признае дека е женкар уште на првиот состанок.

Фитнес навики

Мажите знаат дека жените обожаваат стомачни мускули, па затоа ќе ве излаже дека пет пати неделно вежба во теретана, иако најверојатно сè уште не започнал.

Претходни искуства

Доколку тој бил виновен за проблемите во претходната врска, никогаш нема да ви го признае тоа, а на првиот состанок уште помалку.

Вистински намери

Можеби навистина сака да има романтична врска со вас, а можеби го кажува сето тоа само за да ве одведе во кревет. Навистина е тешко да ги процените неговите намери, особено ако не го познавате од порано.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

29.06.2020 - 22:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа