Close Menu
Press24
    Најново

    Ќе снема вода во 9 часот – Водовод најави исклучувања

    22.10.2026 во 08:22

    Се расправале за имот, па извадил пиштол и пукал во него – поранешен фудбалер обвинет за убиство на сопствениот брат

    22.10.2026 во 11:06

    Скопјанец преживеал хорор кај Градски Парк

    22.10.2026 во 08:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Тежок судир на магистралата Градско – Прилеп: Возач на „голф“ тешко повреден по несреќа со товарно возило
    • Гостиварец со кривична пријава: Физички ја нападнал ќерката во семејната куќа, па ја загрозил сигурноста и на мајка си
    • Крвав напад во Јордан: Вооружени напаѓачи отворија оган за време на погреб во црква – најмалку седум жртви
    • Заплена во КПУ Затвор Штип: Обезбедена бела прашкаста материја, следат соодветни поднесоци
    • Пијан возач со 1,82 промили алкохол избега по несреќа во Виница: Четири лица повредени, еден сопатник со тешки повреди
    • Јотова најави барање за оставка од шефот на Националната служба за обезбедување по инцидентот со новинарката
    • Вознемирувачко видео: Бодигард брутално ја собори на земја новинарката Соња Колтуклиева во Софија
    • Претседателски избори во Бугарија: Во недела се гласа меѓу 27 кандидатски двојки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Над 10 милиони евра за земјоделците: Владата со евтини кредити преку Развојната банка го обезбедува откупот на „вранецот“ и оризовата арпа

    Над 10 милиони евра за земјоделците: Владата со евтини кредити преку Развојната банка го обезбедува откупот на „вранецот“ и оризовата арпа

    28.07.2026 во 15:332 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Во пресрет на главната сезона за берба и преземање на домашното земјоделско производство, Владата донесе важна одлука за пренамена и реструктуирање на средствата од компензационите фондови. Со новите измени се интервенира во постојната кредитна линија преку Развојната банка со цел директно да се финансира навремениот откуп на винското грозје од сортата „вранец“ и домашната оризова арпа.

    Од извршната власт посочуваат дека мерката се носува навремено, во периодот кога преработувачите и откупувачите имаат најголема потреба од свеж капитален поттик пред да ги остварат приходите од крајната продажба.

    Со овој чекор се создава сигурна финансиска рамка за да се гарантира дека целиот предаден род ќе биде исплатен во законски утврдените рокови.

    Владата ги обезбеди средствата од расположливите фондови, а премиерот и надлежните институции ги дефинираа точните износи за двете стратешки култури:

    „Се активираат расположливи средства од постојната кредитна линија и слободни средства со кои управува Развојната банка. Вкупниот расположлив износ, изнесува 793.481.723 денари или околу 10, 1 милиони евра. Од нив, 240 милиони денари се наменети за откуп на оризова арпа, а 553.481.723 денари за откуп на винско грозје од сортата „вранец“.“

    Заинтересираните компании и откупувачи ќе можат да аплицираат за средствата по редослед на пристигнување на барањата, при што се утврдени максимални прагови за задолжување според земјоделскиот сектор.

    Од владините ресори ги објавија роковите и финансиските параметри за кредитирањето:

    „Максималниот износ на кредитот за откуп на „вранец“ ќе изнесува до 130 милиони денари, а за оризова арпа до 30 милиони денари. За оризовата арпа е предвиден рок на отплата до шест месеци, а за грозјето до девет месеци. За двете намени се предвидени грејс-период до три месеци и квартална отплата. Каматната стапка ќе биде фиксна и ќе изнесува еден процент годишно, без еднократна провизија за управување со кредитот.“

    Прочитај повеќе

    Димитриеска-Кочоска: Со ребалансот правиме корекции согласно реалните економски услови- нашата цел е Буџетот да остане одржлив и развоен

    22.10.2026 во 20:31

    Просечната нето-плата во август 48.733 денари

    22.10.2026 во 20:03
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.