Национални шуми до граѓаните: Не палете оган на отворено
Високите температури кои периодов ја зафатија територијата на нашата држава, носат зголемена опасност од настанување на пожари на отворен простор и шумски пожари, поради што ЈП Национални шуми апелира до сите граѓани на зголемена будност и мобилност.
-Со цел да се спречат несакани последици апелираме да не се пали оган на отворен простор, да не се фрлаат пластични и стаклени шишиња, да не се врши палење на отпад и друг горлив материјал и да не се фрлаат отпушоци од цигари и догорчиња.
Истовремено, доколку забележите пожар, може да пријавите на отворената линија 02 155 22, односно 02 2581 080 број на централа на ЈП Национални шуми, или на тел.број 193 на Противпожарна бригада и на тел. 112 во Центарот за управување со кризи, информираат од ЈП Национални шуми.
Согласно Барањето од ЈП Национални шуми, Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Северна Македонија, издаде согласност за целосна забрана за движење во шума и шумско земјиште, во временски период од 06.00 до 20.00 часот кое стапи во сила од 15. 07. 2024 год., а ќе трае се до нејзино отповикување.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа