Close Menu
    Најново

    Набиена агенда во Собрание: Пред пратениците низа предлог-закони

    12.01.2026 во 08:32

    Денеска е Преподобен Гаврил Велички

    12.01.2026 во 08:25

    Облекувајте се топло: Утрово минусни температури – вистинска смрзнувачка

    12.01.2026 во 08:24
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Набиена агенда во Собрание: Пред пратениците низа предлог-закони
    • Денеска е Преподобен Гаврил Велички
    • Облекувајте се топло: Утрово минусни температури – вистинска смрзнувачка
    • Земјотрес ја стресе Македонија
    • Таравари очекува мирни избори: Граѓаните ќе решат кој ќе раководи со Гостивар
    • Нетанјаху: Кога режимот во Техеран ќе падне, Израел и Иран повторно ќе станат партнери
    • Жичницата на Водно не работи поради силен ветер
    • Стејт департментот им препорача на Американците во Венецуела веднаш да ја напуштат земјата
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Набиена агенда во Собрание: Пред пратениците низа предлог-закони

    Набиена агенда во Собрание: Пред пратениците низа предлог-закони

    12.01.2026 во 08:32
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Собранието денеска треба да ја одржи 80. седница, на чиј дневен ред се наоѓа верификација на пратенички мандат, по именувањето на Беким Сали за прв вицепремиер и министер за европски прашања, како и повеќе законски решенија, меѓу кои и измените и дополнувањата на Кривичниот законик, во прво читање.

    Како што е наведено во образложението, целта на предложените измени на Кривичниот законик е надминување на утврдените слабости во постојните одредби и постапување согласно Решението на Уставниот суд од 12 февруари 2025 година.

    Пред пратениците денеска ќе се најдат и Предлог-законот за престанување на важењето на Законот за вонсудско спогодување, во прво читање, како и предлог-законите за изменување и дополнување на Законот за регистар на задолжително социјално осигурување и Законот за системот за проценка на лица со попреченост.

    На дневен ред е и Предлог-законот за задолжување на Република Северна Македонија со заем кај Банката за развој при Советот на Европа, согласно Рамковниот договор за заем за дополнително финансирање на Проектот за изградба на фискултурни сали, исто така во прво читање.

    Собранието ќе расправа и ќе одлучува за предлог-законите за изменување и дополнување на Законот за полиција и Законот за внатрешни работи, кои се предложени по скратена постапка.

    Популарно

    Тошковски оддаде почит: 26 години од убиството на полицајците кај Арачиново

    11.01.2026 во 13:54

    Земјотрес ја стресе Македонија

    12.01.2026 во 08:21

    МВР: Изборите во Гостивар и Охрид течат мирно, досега без ниту еден инцидент

    11.01.2026 во 13:47

    Се сруши приватен авион – загина познат пејач

    11.01.2026 во 10:08
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.