Close Menu
Press24
    Најново

    Идниот месец се менува целиот систем на плаќање во банките – еве што треба да знаете

    19.10.2026 во 11:24

    Страшна бура во Шпанија: Загинаа две жени, војската и специјалните служби се на терен поради катастрофалните поплави

    19.10.2026 во 11:18

    Инфлација: Поскапеа сендвичите во 7ца – ова се новите цени

    19.10.2026 во 22:34
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Голема пресвртница во 2027 година за еден хороскопски знак – пристигнуваат подобри денови, пари и љубов
    • Афера со лажни испити: Професорка осудена на затвор, студентите полагале само на хартија
    • 58 возачи останаа без возачка, двајца и без возилата – Полицијата правеше чистка
    • Трамп: Време е некој друг да преговара во име на Украина
    • Историска евакуација: Украинската армија со летачки дрон извлече ранет војник од фронтот
    • Инфлација: Поскапеа сендвичите во 7ца – ова се новите цени
    • Отворен нов дом на Црвениот крст во Гази Баба: Општината обезбеди нови простории за хуманитарците
    • На 4 хороскопски знаци расположението им се менува во секунда – еве зошто
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » На вториот круг од локалните избори: Народниот правобранител овозможува помош и поддршка на граѓаните

    На вториот круг од локалните избори: Народниот правобранител овозможува помош и поддршка на граѓаните

    02.11.2025 во 09:272 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    На денот на вториот круг од локалните избори 2025, граѓаните можат да пријават каква било повреда на избирачкото право на бесплатната телефонска линија на Народниот правобранител: 0800-54321, која ќе функционира од 07:00 до 19:00 часот.

    Покрај главната канцеларија во Скопје, граѓаните ќе можат да се обратат и во подрачните канцеларии на Народниот правобранител во: Битола, Кичево, Куманово, Штип, Струмица и Тетово, со цел ефективна помош и заштита на избирачките права.

    Дополнително, граѓаните можат да се јават и на следниве локални броеви:

    • Тетово: 044 344-082
    • Кичево: 045 228-586
    • Битола: 047 242-310
    • Куманово: 031 431-488
    • Струмица: 034 329-996
    • Штип: 032 389-700

    Од канцеларијата на Омбудсманот информираат дека Народниот правобранител ќе ги штити правата на граѓаните преку преземање на итни мерки, со цел надлежните органи и институции да обезбедат ефективна заштита на загарантираните права на гласачите.

    • „Избирачкото право е уставно загарантирано како еднакво, општо и непосредно, и се остварува на слободни избори со тајно гласање. Никој не смее да биде повикан на одговорност заради остварување на ова право. Повредата на слободата на определувањето и други повреди на избирачкото право се казниви дела“, посочуваат од Народниот правобранител.

    Исто така, се апелира до сите чинители во изборниот процес да ги почитуваат здравствените протоколи утврдени за начинот на гласање.

    Прочитај повеќе

    58 возачи останаа без возачка, двајца и без возилата – Полицијата правеше чистка

    19.10.2026 во 23:12

    Инфлација: Поскапеа сендвичите во 7ца – ова се новите цени

    19.10.2026 во 22:34
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.