На таванот во куќата на Вељко Беливук најдени и женски алишта испрскани со крв- откриени нови ужасни детали

 

Истражители ќе проверуваат чија е облеката која била пронајдена спакувана во кеса на која се откриени траги од крв, како и на кој начин стигнала до местото на злосторството  на кланот на Вељко Беливук.

Во куќата на ужасот во Ритопек, за која истражителите се сомневаат дека кланот на Веjко Беливук и Марко Миjковиќ бил користен за тортура и убиства, полицијата пронашла и женска облека!

Како што дознава Курир, парчињата пронајдена облека биле испратени на вештачење со цел да се утврди на кого припаѓаат.

- При детален преглед на куќата во Ритопек, на таванот, пронајдена е торба, на која имало траги од крв. Во таа торба е откриен шал на Црвена звезда, како и црно здолниште и горен дел од женски пижами - открива изворот на Курир.

Според него, само кога ќе се открие чија е женската гардероба, истражителите ќе можат да направат слика од каде потекнува.

- ДНК ќе се земе од здолништето и другите работи. Не можеме да претпоставиме дали станува збор за гардероба на жени што можеби биле донесени во таа куќа за забава или станува збор за нешто друго - вели соговорникот од истрагата.

Се сомнева дека криминална група што извршила монструозни злосторства во куќата, во која истражителите пронашле траги од крв во скоро сите простории, бунари и шупи, како и индустриска мелница за месо, убиле најмалку пет лица чие исчезнување било пријавено минатата година .

- Се проверуваат и сите други траги, особено од мелницата за месо, бидејќи се верува дека тоа ќе даде најконкретни докази за тоа кој завршил во оваа куќа на најужасен можен начин - додава тој.

Според министерот за полиција Александар Вулин, новите откритија во куќата на ужасите, пред се мелниците за месо и арсеналот, кои се наоѓале во таен, подземен бункер, го надминуваат она што членовите на озлогласениот Земунски клан, кој беше растурен по убиството на премиерот Зоран Џинџиќ го правел.

Мелење на жртвите

- Тие ги одржувале жртвите живи со денови, ги мачеле на најбрутален начин, за потоа да ги убијат и распарчат телата, а потоа ги ставаме во таа мелница за месо и коски, со цел да ги уништат трагите. Оние членови на кланот штоне го правеле тоа, беа подготвени да ни кажат каде е сè и не се сомневам дека ќе има уште - рече министерот.

Зборувајќи за оружјето што беше откриено во посебна просторија чиј влез беше добро скриен, тој изјави дека сè укажува на тоа дека оваа криминална група е подготвена за пресметка со државата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.04.2021 - 11:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега