Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Доаѓа силен Ел Нињо – какво време нè очекува во текот на зимата

    18.09.2026 во 23:32

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Спомен на чудата на Свети Архангел Михаил
    • САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген
    • И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » На семејна веселба пукал со пиштол: Полицаец под лупа на Внатрешна контрола

    На семејна веселба пукал со пиштол: Полицаец под лупа на Внатрешна контрола

    09.07.2026 во 16:162 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Испукал повеќе куршуми од огнено оружје среде семејна веселба. Полициски службеник под лупа на Внатрешна контрола при Министерство за внатрешни работи.

    Инцидентот се случил за време на приватна забава, кога наместо да гарантира безбедност, домаќинот извадил оружје и почнал неконтролирано да пука во присуство на поголем број луѓе кои биле изложени на директна опасност.

    Како правна последица за оваа неодговорна постапка, против З.Р., вработен како полициски службеник во Полициската станица за граничен надзор Чашка, е поднесена кривична пријава за „предизвикување општа опасност“ по член 288 од Кривичниот законик.

    Покрај кривичниот прогон, Внатрешната контрола на МВР веднаш покрена дисциплинска постапка за кршење на работниот ред, при што за насилникот е изречена итна суспензија од работното место до конечната разрешница.

    • „Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до надлежното Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција-специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција поднесе кривична пријава против З.Р. полициски службеник од Полициска станица за граничен надзор Чашка поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,предизвикување општа опасност“ по член 288 став 3 од Кривичниот законик. Имено на 22.05.2026 пријавениот полициски службеник во дворот на неговата семејна куќа, за време на семејна прослава, во присуство на поголем број гости испукал повеќе истрели од огнено оружје со што предизвикал опасност за животот и телото на присутните. Одделот за внатрешна контрола… ќе поднесе предлог за поведување на постапка за утврдување на одговорност… и ќе изрече задолжителни мерки како и отстранување од работното место до завршување на дисциплинската постапка–суспензија“, велат од МВР.
    Прочитај повеќе

    11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола

    19.09.2026 во 14:53

    20-годишник прегази пешак кај Мирковци

    19.09.2026 во 13:19
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.