На местото каде што го најдоа телото на Периш, починале три момчиња, убиен бил и еден маж

Телото на младо момче утрово беше пронајдено во Белград, а при визуелен прегледн може да се заклучи дека е Матеј Периш, иако тоа треба да го потврди обдукцијата.

На телото биле пронајдени истиот часовник, патики, маичка и телефон во џебот, како што бил облечен Периш пред да исчезне.

Сепак, медиумите пишуваат дека на ова место се случиле неколку работи. Во 2014 година имало страшна несреќа при што шест млади лица излетале со БМВ во Дунав, а три од нив загинале.

Тоа е само почеток, зашто во 2016 година бил убиен и еден 48-годишен маж, а исто така често се случуваат и пожари на истата локација.

18.05.2022 - 19:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега