Close Menu
Press24
    Најново

    Крвав напад во Софија: Познатиот бизнисмен и поранешен европратеник Слави Бинев е смртно застрелан

    24.10.2026 во 12:28

    Спасовски: СДСМ покажа цврста решеност да биде совест на државата, глас на трудот, заштита на понижениот човек

    24.10.2026 во 11:38

    19-годишниот Македонец кај кого биле пронајдени фалсификувани 98.500 евра останува во притвор во Бугарија

    24.10.2026 во 13:29
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Филипче: Студентите победуваат, Орбан падна, сега редот е на Вучиќ
    • Жена нападната од сопругот со кој се разведува
    • Мечка загина во сообраќајка на автопатот Скопје – Тетово
    • Денеска е Денот на Обединетите нации: 81 година од стапувањето во сила на светската Повелба за мир
    • Нови демонстрации ширум Албанија: Протестите продолжуваат, Еди Рама се закани со строги казни за насилниците
    • Кирков: Филипче и Горан Бетон Герасимовски, каде се паркинзите и зеленилото во Буњаковец?
    • Тежок судир на крстосница во Скопје: Мопедист со тешки повреди заврши во болница по несреќа со „фолксваген“
    • Акција во Неготинско: Запленети марихуана и семки од канабис кај 61-годишен скопјанец
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » На Инфективната клиника уште еден сомнителен случај на западнонилска треска

    На Инфективната клиника уште еден сомнителен случај на западнонилска треска

    04.08.2026 во 14:022 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Уште едно лице, на возраст од 76 години, кај кое е потврдено воспаление на мозокот и мозочните обвивки од вирусно потекло, како и позитивна серологија од серум за вирусот западен нил е хоспитализирано во текот на изминатото денонокие на Клиниката за инфективни болести. Со тоа вкупно седум пациенти се водат како клинички суспектни, а кај 10 е потврдено присуството на западнонилска треска од кои тројца се во критична состојба на Одделот за интензивна нега и се на механичка вентилација. Засега нема подобрување на нивната здравствена состојба. Сите пациенти се од Скопје.

    Ова денеска го изјави директорот на Клиниката, д-р Фадил Цана, кој рече дека за да се докаже невроинвазивната форма на болеста и за седмиот сомнителен случај потребни се дополнителни испитувања на цереброспиналната течност.

    Според него, ПЦР-технологијата не е златен стандард за дијагностицирање на невроинвазивната форма на западнонилската треска и затоа тие пациенти се подложени на дополнителни лабораториски испитувања и се лекуваат како пациенти со западнонилска треска.

    – Инкубацијата на болеста трае до 14 дена. Никој не може однапред да предвиди како ќе се развива болеста во поединечен организам. Тоа што се знае досега е дека најподложни на потешка форма се повозрасните лица. Сите пациенти што се хоспитализирани кај нас се постари од 60 години и имаат придружни заболувања. Постарите лица, лицата со хронични заболувања, имунокомпромитираните лица т.е. со ослабен имунитет се најподложни на потешка клиничка слика. Кај околу 80 проценти од заразените болеста поминува лесно или дури и без симптоми, додаде д-р Цана

    Прочитај повеќе

    Филипче: Студентите победуваат, Орбан падна, сега редот е на Вучиќ

    24.10.2026 во 21:36

    Жена нападната од сопругот со кој се разведува

    24.10.2026 во 15:38
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.