На граничниот премин Блаце не се пропуштаат возила, сообраќајот е во прекин поради одрон

Сообраќајот кон Граничен премин Блаце е во прекин во двата правца поради одрон во близина на местото Вражји Вир и не се пропуштаат возила на преминот.

-На патот кон ГП Блаце има одрон во близина на местото викано Вражји Вир.

Сообраќајот е во прекин во двата правца. На граничниот премин не се пропуштаат возила бидејќи кај местото на одронот се уште не е проодно, соопшти АМСМ.

17.05.2022 - 14:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега