На ГП „Табановце“ уапсено лице од Палестина, приложило лажна романска лична карта

На Гранчен премин „Табановце“ вчера во 15:00 часот полициски службеници го лишиле од слобода Ф.К.Б.(43), по негово кажување, од Палестина, кој при пасошка контрола и проверка, на увид дал романска лична карта, за која било утврдено дека е фалсификувана.

Лицето, како што информираат од МВР, било спроведено во СВР Куманово за понатамошна постапка.

16.03.2024 - 14:29

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега