„На една мајка праќале слики од убиениот и мачен син“- Вучиќ откри нови детали за бандата на Беливук

Колку далеку отиде организираната криминална група на уапсениот Вељко Беливука, откри претседателот на Србија, велејќи дека убиле „многу, многу луѓе“

Тој нагласи дека Беливук и неговиот соработник Марко Миjковиќ испратиле слики од масакрираниот син на мајката на една од нивните жртви.

– Убија многу, многу, многу луѓе. Дали имате предвид за какви чудовишта станува збор? – рече Вучиќ.

Тој исто така посочи дека кланот е „увезен“ од соседна земја.

– И двата клана се увезени од Црна Гора. Тие имаат свои водачи. Еден од главните меѓу „кавчанците“, кој не се крие, е Звицер, „шкаљарците“ имаат свој. И сите тие го имаат својот најглавен шеф и сите се дојдени од Црна Гора. Целата организација, логистика, пари, сè е од Црна Гора – рече Вучиќ.

Вељко Беливук, Марко Миjковиќ и членови на нивната организирана криминална група беа уапсени на 4 февруари, а пред пет дена им беше продолжен притворот за уште три месеци. Досега тие се осомничени за три киднапирања и убиства, како и за трговија со дрога, перење пари и нелегално поседување оружје.

 

Засега постојат сомневања дека во куќата во Ритопек биле убиени Горан Величковиќ, Здравко Радојевиќ и Милан Љепоја. Истражителите се сомневаат дека телата биле распарчувани, мелени во индустриска мелница за месо, а потоа со киселина биле уништени трагите на злосторството.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.05.2021 - 14:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега