На Џејда ѝ е жал поради шлаканицата: Вил претера
Изворот близок на парот, призна дека Џејда, сопругата на Вил Смит, која досега не се огласи конкретно за инцидентот, не му замерила на сопругот по шлаканицата, но сепак посакува никогаш да не се случеше овој инцидент.
„Тоа беше сторено во емотивен момент, и двајцата се свесни и сложни дека Вил Смит претера“, вели изворот.
„Таа не е од оние жени на кои им е потребна заштита. Вил не мораше да го стори тоа што го направи. На неа не ѝ треба заштита. Таа е силна, самоуверена жена и може да ги води личните битки. Но, ќе остане покрај него“, вели изворот.
Парот е во брак од 1996 година, а за инцидентот доби поддршка и од семејството.
„Тие го штитат семејството, за нив тоа е сè. Многу се заштитнички настроени еден кон друг и се држат заедно“, додава изворот.
Непријатната шега доаѓа по неколку месеци откако Џејда објави дека се бори со алопеција која резултира со губење на нејзината коса поради што одлучи целосно да ја избричи главата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа