На денешен ден пред 14 години, престана да чука срцето на Киро Глигоров, првиот претседател на независна Македонија и политичар со исклучителна улога во создавањето на современата македонска држава.

Роден во Штип во 1917 година, Глигоров беше архитектот на мирното осамостојување. Неговиот говор од 8 април 1993 година на говорницата на Обединетите нации, кога Македонија стана 181-ва членка на светската организација, останува запишан во историјата како прво обраќање на македонски јазик во ОН.

Неговиот мандат беше одбележан и со трагичниот настан од 3 октомври 1995 година, кога врз него беше извршен неуспешен атентат со автомобил-бомба пред хотелот „Бристол“. И покрај тешките повреди, Глигоров се врати на функцијата и го доврши својот втор мандат до ноември 1999 година.

По повлекувањето од политиката, тој остави богат пишан траг преку делата „Македонија е сè што имаме“, „Атентат – ден потоа“ и „Виорни времиња“. Во 2005 година стана прв носител на „Орденот на Република Македонија“.

Exit mobile version