На Богородица запленет златен и сребрен накит со проценета вкупна вредност од над половина милион денари

Запленети се 110,2 грама златен накит и 1,7 килограм сребрен накит со вкупна вредност од 563.735 денари, откриени кај еден патник кој патувал на релација Истанбул – Гостивар. Со ова е спречен обид за избегнување увозни давачки во износ од 148.308 денари. Против лицето ќе биде поднесена кривична пријава, извести Царинската управа.

Случајот е откриен на граничниот премин Богородица кога царинските службеници поради сомнение, извршиле контрола на автобусот и на патниците што патувале со него.

По извршениот претрес, кај едно од лицата во џебот од неговиот елек и во патната торба беше пронајден златниот и сребрениот накит. Предметот е предаден на Секторот за контрола и истраги, при што преземени се понатамошни дејства, соопшти Царинската управа.

 
23.08.2024 - 15:50

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега