Close Menu
Press24
    Најново

    Петок неработен ден – УХМР ја објави временската за продолжениот викенд

    25.08.2026 во 11:10

    Тројца Македонци загинаа во тешка сообраќајка во Словенија

    27.08.2026 во 20:35

    УХМР објави метео аларм: Пекол низ цела Македонија

    25.08.2026 во 11:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Се уште не се идентификувани тројцата Македонци кои загинаа во сообраќајката во Словенија
    • Трамп го преименува езерото Онтарио во Езеро Америка
    • Три хороскопски знаци кои градат успешни кариери
    • Кој печател лажни возачки дозволи?
    • Не чека пеколен празничен ден – температури близу 40
    • Тргнува скопскиот градски воз: Објавен возниот ред
    • Трамп сега веќе не сака да преговара со Иран
    • Тошковски: Кога ќе можеме ќе ја информираме јавноста кој печател возачки дозволи
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Најмалку 84 загинати во денешните израелски напади во Газа, соопштија палестински лекари

    Најмалку 84 загинати во денешните израелски напади во Газа, соопштија палестински лекари

    24.09.2025 во 21:462 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Најмалку 84 лица се убиени денеска во израелски напади во Појасот Газа, јави ДПА, повикувајќи се на палестински медицински извори.

    Повеќето од жртвите се во градот Газа.

    Израелската армија соопшти дека била подложена на масовен оган од зградата на болницата „Аш Шифа“ и ја обвини исламската група Хамас за нападот. Израелската војска објави снимки кои, според нив, биле направени во последните неколку дена и покажуваат борци кои пукаат од „Аш Шифа“. Израел повеќепати го обвинува Хамас дека користи здравствени установи за воени цели, а и претходно изведуваше операции во „Аш Шифа“.

    Меѓународната хуманитарна организација КЕАР (Cooperative for Assistance and Relief Everywhere) соопшти дека бремена жена, која била нивна партнерка, загинала при воздушен напад врз нејзиниот дом во градот Газа. При нападот загинале и нејзините две деца на возраст од 3 и 5 години, а сопругот е тешко повреден.

    КЕАР информираше и дека во понеделник бил уништен здравствен центар управуван од друга партнерска организација. Според нив, тоа бил еден од малкуте медицински центри што сè уште функционирале во областа. Организацијата не прецизираше кој го извел нападот.

    Израелската армија соопшти дека ги проверува овие информации.

    Израелската војска започна копнена офанзива во градот Газа кон крајот на минатата недела.

    Вооружениот судир во Газа започна на 7 октомври 2023 година, кога Хамас изведе невиден напад врз Израел, при што беа убиени околу 1.200 лица, а беа земени и речиси 250 заложници.

    Министерството за здравство на Хамас во Газа соопшти дека од почетокот на конфликтот досега се убиени над 65.400 Палестинци.

    Прочитај повеќе

    Трамп го преименува езерото Онтарио во Езеро Америка

    27.08.2026 во 22:34

    Трамп сега веќе не сака да преговара со Иран

    27.08.2026 во 22:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.