Close Menu
    Најново

    Демир: Шуто Оризари мора како и другите општини да напредува, да оди напред

    08.10.2025 во 18:17

    Меџити: Официјално започнува проектот од 40 милиони евра за изградба на кампусот на универзитетот „Мајка Тереза“

    08.10.2025 во 18:01

    Мицкоски: Судството и обвинителството се сегменти коишто се последните бастиони во одбрана на владата на СДСМ и ДУИ

    08.10.2025 во 17:58
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Демир: Шуто Оризари мора како и другите општини да напредува, да оди напред
    • Меџити: Официјално започнува проектот од 40 милиони евра за изградба на кампусот на универзитетот „Мајка Тереза“
    • Мицкоски: Судството и обвинителството се сегменти коишто се последните бастиони во одбрана на владата на СДСМ и ДУИ
    • Касами: Прв пат по повеќе од 20 години во Тетово се гради училиште
    • Мицевски: Општината со нас стана развиена и модерна, а сега населеното место Сопиште ќе добие нов резервоар за вода 
    • Општина Крива Паланка го одбележа Денот на градот, доделени највисоките општински признанија и награди
    • Николоски: Гевгелија ќе биде централно место за бизнис и туризам во целиот регион
    • Обезбедени се 32.400 комерцијални вакцини против сезонски грип
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Најмалку 84 загинати во денешните израелски напади во Газа, соопштија палестински лекари

    Најмалку 84 загинати во денешните израелски напади во Газа, соопштија палестински лекари

    24.09.2025 во 21:46
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Најмалку 84 лица се убиени денеска во израелски напади во Појасот Газа, јави ДПА, повикувајќи се на палестински медицински извори.

    Повеќето од жртвите се во градот Газа.

    Израелската армија соопшти дека била подложена на масовен оган од зградата на болницата „Аш Шифа“ и ја обвини исламската група Хамас за нападот. Израелската војска објави снимки кои, според нив, биле направени во последните неколку дена и покажуваат борци кои пукаат од „Аш Шифа“. Израел повеќепати го обвинува Хамас дека користи здравствени установи за воени цели, а и претходно изведуваше операции во „Аш Шифа“.

    Меѓународната хуманитарна организација КЕАР (Cooperative for Assistance and Relief Everywhere) соопшти дека бремена жена, која била нивна партнерка, загинала при воздушен напад врз нејзиниот дом во градот Газа. При нападот загинале и нејзините две деца на возраст од 3 и 5 години, а сопругот е тешко повреден.

    КЕАР информираше и дека во понеделник бил уништен здравствен центар управуван од друга партнерска организација. Според нив, тоа бил еден од малкуте медицински центри што сè уште функционирале во областа. Организацијата не прецизираше кој го извел нападот.

    Израелската армија соопшти дека ги проверува овие информации.

    Израелската војска започна копнена офанзива во градот Газа кон крајот на минатата недела.

    Вооружениот судир во Газа започна на 7 октомври 2023 година, кога Хамас изведе невиден напад врз Израел, при што беа убиени околу 1.200 лица, а беа земени и речиси 250 заложници.

    Министерството за здравство на Хамас во Газа соопшти дека од почетокот на конфликтот досега се убиени над 65.400 Палестинци.

    Популарно

    „Јас че ти кажам кога црвено, кога зелено“: Славјанка Петрвоска се збогува со Панчо Минов

    08.10.2025 во 11:42

    Се апси во Ѓорче, Хром и Нерези – голема акција на МВР и обвинителството

    08.10.2025 во 15:27

    Уапсена сопругата на Шаини – советникот на ДУИ во кој вчера беше пукано во Куманово

    08.10.2025 во 16:01

    МВР поднесе кривична против сопственичките на домовите за стари лица: Им давале храна со изминат рок, ги заклучувале

    08.10.2025 во 09:59
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.