Министерството за внатрешни работи (МВР) соопшти дека внимателно ја следи состојбата со протестите на граѓаните насочени против проектот „Безбеден град“ и најави соодветни законски мерки.

Од полицијата децидни се дека институцијата ќе одговори согласно своите надлежности за да го заштити јавниот ред и мир.

„За сите видови на протести и собири на граѓани МВР како и до сега така и во иднина ќе одговори согласно своите надлежности, во насока на обезбедување на стабилен јавен ред и мир. Во врска со протестите на граѓаните, МВР во координација со Јавното обвинителство презема соодветни мерки и активности за понатамошно постапување“, стои во одговорот на Министерството.

Exit mobile version