Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода седум возачи, а со еден извршија службен разговор поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од Кривичниот законик.
Сите лишени лица управувале возило без положен возачки испит и тоа: А.С.(28) и 17-годишник, двајцата од Скопје, А.А.(20) од с.Арачиново, скопско, 17-годишник од с.Орешани, општина Зелениково, Џ.В.(24) од Битола, Б.М.(24) од с.Добовјани, струшко и 16-годишник од с.Мала Речица, тетовско. Додека, пак, полициски службеници од СВР Велес извршија службен разговор со 17-годишник од Велес, во присуство на бранител, поради тоа што управувал мотоцикл без возачка дозвола.
По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.
- Летале чаши и шишиња – тројца скопјани се пресметале во обложувалница
- СВР Куманово откри затајување на акциза од 3,4 милиони денари – набавиле тутун во лист го преработиле, па го продавале
- Сопругата го пријавила за физичко и психичко малтретирање подолг период – полицијата уапси тетовчанец
- Арсенал оружје и муниција откриени во Скопје: Приведен 49-годишник
- МВР во акција низ државата: Седум лица приведени, еден повикан на разговор
- Со електричен тротинет удрил пешак и избегал – жена итно префрлена во болница
- Украдена пушка од куќа во Новаци се чувала во Делчево – Тројца мажи заработија кривични
- Сиљановска-Давкова утре во Будимпешта на одбележувањето на 70-годишнината од Унгарската револуција


