Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода седум возачи, а со еден извршија службен разговор поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од Кривичниот законик.
Сите лишени лица управувале возило без положен возачки испит и тоа: А.С.(28) и 17-годишник, двајцата од Скопје, А.А.(20) од с.Арачиново, скопско, 17-годишник од с.Орешани, општина Зелениково, Џ.В.(24) од Битола, Б.М.(24) од с.Добовјани, струшко и 16-годишник од с.Мала Речица, тетовско. Додека, пак, полициски службеници од СВР Велес извршија службен разговор со 17-годишник од Велес, во присуство на бранител, поради тоа што управувал мотоцикл без возачка дозвола.
По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.
- Поранешна министерка загина во железничката несреќа во Шпанија
- Закана од терористички напад – Заканувачка порака испратена на е-маил на Народното собрание на РС
- Тошковски од САД: Најсовремените светски технологии и искуства во функција на поголема безбедност на граѓаните во Македонија
- Кривична пријава за директорот на ЈКП „Брегалница“ од Делчево: Злоупотребил службена положба за слободни денови на вработена
- Велес: Автомобил излетал од пат, па се забил во дрво
- ВИДЕО: „Алкалоид“ е првата домашна компанија добитник на престижниот меѓународен сертификат TOP EMPLOYER 2026
- Кражба во охридски хостел: Египќанец украл телефон и пари од гости, па приведен на автопатот Тетово – Скопје
- Мицкоски: Сите потврдија дека сме земја со најголем раст во регионот

